(ВИДЕО) Сталоне открил дека на снимањето на Роки за малку ќе умрел: „Срцето почна да ми отекува!“

АКТЕРОТ Силвестер Сталоне открил дека додека ја снимал сцената за четвртиот дел на „Роки“ мислел дека ќе умре додека се борел со колегата Долф Лундгрен, кој го отелотворувал ликот на Иван Драго.
„Првото нешто што го снимавме беше моето и неговото влегување и најава, а потоа дојде до тепачка. За време на снимањето на тепачката се здобив со сериозни повреди. Екипата итно мораше да ме префрли од Канада на одделот за интензивна нега во болница во Калифорнија“, изјавил тој во видеото „Making of Rocky vs.Drago“ од Силвестер Сталоне, кое го објави на YouTube.


„Значи ме скрши, но јас не почувствував ништо во тој момент, срцето почна да ми отекува подоцна истата вечер. Притисокот ми се искачи на 260 и наскоро требаше да разговарам со ангелите. Следно што се сеќавам беше на итен лет на мала височина“.
Тој додал дека поминал четири дена во болница, опкружен со калуѓерки, а веднаш откако се опоравил се вратил да ја сними сцената до крај.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …