Како кој знак се справува со измама: Бикот и Рибите се’ враќаат со иста мера, а еден знак понижува

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Тешко е да се соочите со вистината и да прифатите дека партнерот ве изневери. Реакциите на луѓето за изневерувањето се различни, некои може да простат, додека за други дефинитивно е крај на љубовта.
Еве како секој од 12-те знаци се однесува кога ќе дознае дека е измамен:

Овен
Искреноста е најважна за Овенот. Ако ја преминете границата и ги прекршите овие основни вредности, знаете дека ќе мора да се соочите со сериозни последици. Овенот е подготвен дури и да им се јави на родителите или шефот и да им каже се, а нема да се заобиколат ниту социјалните мрежи. Наскоро, сите околу вас ќе знаат што сте направиле.


Бик
Ако го повредите Бикот, подгответе се тој да се одмазди. Нема да се смири додека не ве види како страдате. Долго ќе се сеќава дека сте го повредиле и трпеливо ќе чека прилика да ви врати уште полошо отколку што можете да замислите. Ќе вложи време, енергија и мозок за да направи детален план, а потоа ќе започне акција наречена одмазда.

Близнаци
Близнаците се многу одмаздољубиви. Ако ги изневерите, ќе уништат се што сакате. Буквално. Ќе бидат толку лути што на почетокот нема да знаат што да прават, но кога ќе се смират и малку ќе размислат, тогаш воопшто нема да ви биде пријатно.


Рак
Ако се чувствувате лошо затоа што сте го изневериле Ракот, добро – ќе се чувствувате уште полошо. Нема да имаат изливи на гнев и нема да ги фрлаат и уништуваат работите по домот како Близнаците. Ракот ќе најде начин да се чувствувате виновни на најлош можен начин. Немојте да се изненадите ако му кажат на вашето семејство што сте направиле и колку се разочарани од вас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …