ДЛУМ „Нови енергии“ 2021

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на град Скопје, на 12.11.2021 година во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат локал 306, во Скопје со почеток во 12 часот ќе ја отвори изложбата „Нови енергии“.

Од оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија својата програма ја збогатува со ново насловена изложба „Нови енергии“ посветена на младата генерација членови на друштвото. Во последните 3 години, во ДЛУМ се зачленија повеќе уметници, штотуку дипломирани на ФЛУ како и од други уметнички факултети. Сметаме дека нив треба да им се даде шанса да сцената на изложбените активности ја прошират со свој иновативен пристап. Пропозициите кои се дадени го негуваат новиот истражувачки потенцијал и примената на мултидисциплинарност и интермедијалност . Во современите текови на аналитичката уметност младите имаат идеи и теми за кои треба да добијат шанса за презентација и изложување. Така ќе ја помогнеме можноста на откривање на нови таленти, сериозно посветени млади уметници, а оваа изложба ќе биде и нивна отскочна даска за остварување на слободата на изразот.


На изложбата ќе биде доделена наградата „Нови енергии“ на Ана Трајковска за делото со наслов  “Vicarious”.


Ана Трајковска
“Vicarious”
висок печат на метализиран картон /120 х 250 см
2021 год.

Сите љубителите на уметноста ќе може да ја видат изложбата до 22.11.2021 година  во работно време на галеријата односно од понеделник до петок од 11 -18 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …