(ВИДЕО) СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА: Џафер Долек преживеал поради погрешно чекираниот багаж!

Џафер Долек, еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса-транс“ по грешка ги ставил куферите во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.
Долек, требал да влезе и да ги чекира куферите во автобусот кој изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако тој веќе ги ставил куферите во другиот автобус, лице од агенцијата му кажало да влезе во истиот бидејќи имало место.
Ова за телевизија Сител го раскажа таткото на Џафер кој вели дека само Господ го чувал неговиот син. Тој за несреќата разбрал откако се слушнал со својот син кој го известил дека безбедно стигнал во Скопје, при што му кажал дека еден од автобусите имал несреќа.


Фото: Принтскрин/YouTube/SitelTV

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …