(ВИДЕО) Специјална „Еден на Еден – Седи си дома“ со Влатко, Симон, Тамара, Елена, Жељко…

Време е за седење дома па во тој манир и Жаре го сними најновото издание на „Еден на еден“…
Симон Трпчески, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Жељко Самарџиќ од Белград и Јован Јованов од Канада се гости во новата епизода на „Еден на Еден“ наречена „Седи си дома!“.
Жаре ја снимаше емисијата од својата дневна соба, а на своите пријатели и соработници им се јави на видео повик.
Така, Тамара која е во Гевгелија кај родителите на сопругот, откри каква домаќинка станала додека е во домашна изолација, Елена ќе зборува за новиот бизинс со козметиката со нејзин потпис, а Влатко Стефановски раскажа дека ќерка му Ана, пред неколку месеци се врати од Италија, каде што докторираше.


На Влатко му се откажани сите претстојни концерти, како и на маестро Симон Трпески, кој е за прв пат во Еден на Еден. Тој специјално за Жаре и за гледачите отсвире и запеа една македонска песна, а и маестро Влатко имаше кусо гитарско соло.

Жељко Самарџиќ исто така запеа и од Белград и раскажа колку е претпазлив оти спаѓа во ризичната група за зараза од коронавирусот. Продуцентот Јован Јованов се јави од Канада и раскажа дека луѓето таму се посмирени.
Седете си дома и гледајте ја „Еден на Еден – Седи си дома!“, во недела од 18.30 на Канал 5. Во меѓувреме, еве ја најавата од Жаре:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …