(ВИДЕО) ДАЛИ ГО САКАМЕ ОВА И КАЈ НАС – ДИРЕКТНО ОД МИЛАНСКАТА БОЛНИЦА НА УЖАС: Италијанска медицинска сестра детално опишала со што се соочува персоналот!

Медицинска сестра, Даниела Конфалонери, која во Италија неисцрпно работи за да спаси животи од новиот вирус КОВИД-19, се јавила во живо од болницата и раскажала како изгледаат деновите на најтешката борба која ја погодила оваа земја.
Таа, видно исцрпена, се обиделада ја пренесе тековната состојба на работите:
“Работиме под голем стрес и напнатост. Психичката тензија се чувствува најмногу. За жал, не можеме да ја контролираме ситуацијата во Ломбардија затоа што има високо ниво на инфекција. Ние дејствуваме во оваа ситуација апсолутно итно. Проблемот е во тоа што голем дел од нашите вработени се дома а мал број од нас сме тука секој ден“, рекла сестрата.


Таа навела дека сè станува исклучително заморно, ситуацијата не е наивна, а медицинскиот персонал веќе ниту не ги брои мртвите.
“Ситуацијата во Милано е многу комплицирана, ние сме сиот персонал во болницата Сан Рафаел. Ќе бидеме подготвени за неколку дена и ќе мора да преземеме поинтензивна нега на пациентите од провинциите Бергамо и Бреша, многу одлучувачки”, рекла Даниела.
„Погледнете ги дневните вести од Италија и можете да забележите како изгледа ситуацијата. Ова е незамисливо“, додала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …