(ВИДЕО) „Фчерашни новости“ предлага како да се работи од дома за време на корона вирус?

Една од препораките, за време на светската пандемија поради корона вирусот, е да се биде во домашна изолација и да се работи од дома.
Фчерашни новости влезе во еден изолиран дом се со цел да ви долови како изгледа еден работен ден во изолација на една од најтешките професии кај нас. Ќе дознаете кои се предизвиците, а кои предностите да се работи во изолација!


Македонија конечно, после неколку пати најавување, влезе во НАТО. Како се одвиваше прославата за тој свет чин? Дали имаше шведска маса и кој го плати цехот на крај?
Најтешката задача за оваа епизода ја имаше нашиот репортер Кузман Статива. Да направиш анкета во време кога сите се во изолација е скоро невозможно. Дали ќе успее Кузман да ја изврши својата задача, дознајте во новата епизода на Фчерашни новости, оваа недела, 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …