(ВИДЕО) СПАСУВАЛЕ ЖИВА ГЛАВА КАКО ВО АКЦИОНЕН ФИЛМ: Тинејџери избегале од пожар во Њујорк спуштајќи се во олукот од 4-ти кат!

Голем пожар избувнал во станбена зграда во Менхетен, Њујорк, а 13-годишно момче и 18-годишна девојка успеале да се спасат од пожарот спуштајќи се низ олукот на зградата.
Пожарот, како што соопштила њујоршката противпожарна служба, зафатил стан на четврти кат од станбена зграда на Менхетен, а пожарот го изгаснале 180 пожарникари.

Двајца тинејџери, кои останале заробени во една соба од станот, решиле да излезат низ прозорецот и да се спуштат низ олукот. Противпожарната служба соопштиле дека 13-годишното момче и 18-годишната девојка успешно се симнале.
И покрај напорите на пожарникарите, во пожарот загинало едно лице, а седум лица се повредени.


Фото: Принтскрин/https://www.nbcnewyork.com/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …