ДА ГО ИСКОРИСТИМЕ ИНТЕРНЕТОТ: Гласајте онлајн за македонските претставници на Јуниорскиот Евросонг!


Македонските претставници веќе важат за фаворити на овој избор, а доказ за тоа се и над милион и пол прегледи на видеото за песната „Green forces“, како и високите позиции на листите.
Кристина, Анастасија, Миха и Филип, децата од популарната телевизиска серија „Дајте музика“ на МРТ, кои ќе ја претставуваат Македонија на „Детскиот евросонг“ што по 19-ти пат ќе се одржи во Париз, Франција, в недела, веќе ја имаа првата проба на евровизиската сцена. Реакциите за песната, чии автори се Роберт Билбилов, кој ја напиша музиката, и Робин Зимбаков, кој го напиша текстот, се одлични.


Македонските претставници веќе важат за фаворити на овој избор, а доказ за тоа се и над милион и пол прегледи на видеото за песната „Green forces“, како и високите позиции на листите.


Во интервјуто што го дадоа по првата проба, нашите претставници изјавија дека немаат трема и испраќаат порака до своите врсници, но и до возрасните, да ја чуваме планетата, зашто таа е наш единствен дом.
Директниот пренос од „Јуниорвизија“ е во недела (19.12) од 15.50 часот на каналот на МРТ 1.
За да бидеме меѓу првите на табелата, можеме да помогнеме и ние со тоа што ќе гласаме онлајн на веб страната www.junioreurovision.tv.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на документарниот филм „Ветената земја“ од Ќендрим Ријани

Во полната кино сала „Фросина“ во Скопје, минатата недела премиерно беше прикажан документарно-играниот филм „Ветената …