(ВИДЕО) 110. ГОДИНИ ЗАТВОР: Убил 4. лица а бројни повредил – Му откажале сопирачките, горко плачел на суд

ВОЗАЧОТ на камион кој пред две години предизвика страшна несреќа на автопат кај Лејквуд во САД, во која животот го загубија четири лица, конечно во понеделникот ја дозна казната.
Рогел Агилера-Медерос (26) е осуден на дури 110. години затвор, а пресудата ја дочекал во солзи, пишува Дејли Мејл.
– Немав избор, рацете ми се врзани. Според законите на државата Колорадо, морав да го осудам за 27 кривични дела, а кај нас овие казни мора да се издржуваат последователно – нагласил судијата А.Брус Џонс.
Агилера-Медерос во моментот на фаталната несреќа работел во компанија од Хјустон. Обвинителите тврделе дека тој ден возел со речиси 140 километри на час и дека удрил во колона автомобили (меѓу кои и четири камиони), по што дошло до експлозија во која загинале четири животи.
-Тоа беше масакр. Една од најлошите сообраќајни несреќи што некогаш сме ги имале овде“, изјавил портпаролот на полицијата во Лејквуд на прес-конференција веднаш по несреќата.
This image has an empty alt attribute; its file name is 110-godini-zatvor-1024x576.jpg
Покрај четирите загинати во несреќата, во болница со тешки повреди завршиле уште шест лица. Иако Агилера-Медерос се бранел на суд, велејќи дека му откажале сопирачките, обвинителите сметаа дека тој можел подобро да реагира.
– Можеше да сврти на лентата за камиони и на тој начин да избегне несреќа. Едноставно донесе премногу погрешни одлуки – инсистирале обвинителите.
Дефанзивецот на Агилера-Медерос, пак, тврдеше дека неговиот клиент не знаел дека му откажале сопирачките и дека нема да може да го запре возилото.
-Тоа беа низа несовесни одлуки, но тој немаше намера никого да повреди – тврдел бранителот.


Сепак, судот немал милост, па Агилера-Медерос бил обвинет за бројни дела, вклучително и обид за убиство. Пред изрекувањето на пресудата, Агилера-Медерос го молел судијата да биде попустлив со него, а потоа се расплакал.
– Тоа беше страшна несреќа. Ја преземам одговорноста, но тоа беше несреќен случај. Никогаш во животот не сум повредил никого, ниту сум имала намера. Исус го знае тоа, го знае моето срце. Јас не сум криминалец, ниту сум убиец. Направив се што можев… И се загрозив себе за да не им наштетам на другите – низ солзи зборувал Агилера-Медерос.
Тврдек дека се обидел да го избегне фреквентниот автопат и нагласил дека не побегнал од местото на несреќата.
– Би сакал да им се извинам на сите, жалам за загинатите и повредените. Не знам ни колку пати се запрашав зошто тие, а не јас – ја завршил презентацијата Агилера-Медерос, но судијата немал милост.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Што правеле астронаутите секое утро за да преживеат во вселената? Една работа им помогнала!

Астронаутите на НАСА, Сани Вилијамс и Буч Вилмор, пред три дена паднаа во морето во …