(ФОТО) Морничавата тајна на ѕвездата на „Сексот и градот’ стара 26-годишната која сите ја заборавиле

Крис Нот, актер кој сите ќе го паметиме како Ѕверот од „Сексот и градот“, е обвинет за сексуална злоупотреба од две жени. Користејќи ги псевдонимите Зои и Лили, двете жени – сега 40 и 31, соодветно – изјавиле за The Hollywood Reporter дека Нот ги силувал. Актерот бил обвинет од неговата поранешна девојка за злоставување и порано, пред 26 години – и сите го заборавиле тоа.
Поранешната девојка на Крис Нот, манекенката Беверли Џонсон, го обвинила дека ја тепал, ѝ се заканувал со смрт и дека ќе ја унакажи во судските документи од 1995. година, открива напис во весник кој сега повторно се појави.
Написот – кој бил објавен во The National Equirer – сега се појавил и на Инстаграм профилот на Диет Prada, откако ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ бил обвинет од две жени за силување.

View this post on Instagram

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)


Според написот, Џонсон, која сега има 69. години, тврди дека Нот, со која се забавувала во 1990. и 1995. година, ја „тепал“ за време на нивната врска, како и дека и се заканувал со смрт и и’ се јавувал „до 25 пати на ден“.
Тој и се заканувал дека ќе ја осакати, па дури и „се заколнал дека ќе и го убие кучето“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …