(ВИДЕО) СОРАБОТКА НА „ХЕПИ ЕНД“ И СЛАТКАР – Промоција на нова песна и спот!

По минатогодишниот успех на „Кога би била моја“, момците на еден од најпопуларните машки бендови кај нас „Хепи енд“, ја промовираа својата нова авторска песна насловена „Лажев“.
„Создавањето на авторски песни ни беше приоритет уште при самото формирање на бендот. Нашата идеја е со квалитетна македонска музика да се наметнеме на публиката, а токму втората песна веруваме дека ќе биде препознаеме како добар пакет и ќе го повтори успехот како нашето првенче“, велат од „Хепи енд“.
„Лажев“ е комплетно дело на браќата Иван и Јован Јованови, кои ги направија музиката и аранжманот, а текстот го напиша Марко Маринковиќ – Слаткар и Томислав Стаменковски Тофилоски. Спотот за песната е снимен на повеќе локации.
Момците од бендот за престојниов период  најавуваат и нови музички проекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …