Златно Славејче, ЏП и Стефонатор, RHCP Real Tribute и 2 Бона на Summerland

Фестивалот „Summerland”кој секојдневно се одржува во Градски Парк и овој викенд нуди забавна програма за сите возрасти.

За најмалите, од 19:00 вечерва ќе настапат „Златно Славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор.


Во 21:00, во летното кино, посетителите ќе може да го погледнат македонскиот филм „Џган“.


Утре од 22:00, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а во недела, македонските рапери 2 Бона и Дј Че.



Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етно групата Љубојна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …