ВИДЕО на кое се гледа како родителите го смируваат своето бебе кое плаче со едноставен трик, брзо стана вирално на социјалните мрежи. Имено, една млада мајка објавила видео на својот профил на TikTok наречено @libertyydizneyy, а во него можеме да ја видиме нејзината ќерка Лејлани како престанува да плаче откако таа пушта песна од „Питбул“.
@libertyydizneyy The amount of times i play this song a day is actually absurd…. someone tell Pitbull i need to hire him as a full time sitter🤣 #pitbull #funnybabyvideos #hotelroomservice #mr305 ♬ original sound – lib🤎
„Колку пати на ден ја пуштам оваа песна е всушност апсурдно… некој нека му каже на Питбул дека треба да го вработам како бебиситерка со полно работно време“, напишала таа во описот на видеото, кое моментално има над девет милиони прегледи.
Фото: Принтскрин/TikTok