(ВИДЕО) СНИМЕН МОМЕНТОТ ОД ВТОРИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: На улиците филмски сцени

Во понеделникот рано наутро Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следеше нов удар со јачина од 7,7 степени. Земјотресот предизвикал големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што најмногу настрадал градот Ал Баб. Тресењето на земјата е почувствувано и во други делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар.

Нови податоци за жртвите од земјотресот
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во земјотресот во Турција загинале 912 лица, а во таа земја и во соседна Сирија загинале повеќе од 1.300 лица, пренесуваат агенциите.
Ердоган рекол дека во Турција се повредени 5.385 лица.
Тој додал дека неколку десетици земји се понудиле да помогнат.


Новиот земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер денеска ја погоди Турција, по оној од 7,8 што во понеделник наутро го потресе југоисточниот дел на земјата и во кој според последните податоци загинаа повеќе од илјада луѓе.
Нов земјотрес ја погоди областа околу Кахраманмарас, малку северно од Газиантеп, околу 11:30 часот по наше време.


На социјалните мрежи се појавија видеа кои го покажуваат моментот на тој втор земјотрес.

Во едно видео, репортерот во живо пријавил дека оди по улицата помеѓу блокови згради. До него видно вознемирени од новите силни земјотреси чекореле жители.

После тоа е снимено како зградата почнува да се урива, а репортерот и луѓето панично бегаат кон отворениот простор.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …