Црвен крст на РСМ: Помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој на 06 февруари 2023 година ги погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени и човечки загуби.

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес. Црвениот крст на РСМ е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и Сириска Арапска Црвена полумесечина, на кои веднаш им беше понудена првична помош.


Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.


– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:


NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …