(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕНА ЖИВА ЗАКОПАНА ОБЈАВИЛА ФОТОГРАФИЈА: Хорор по земјотресот, луѓе заробени во урнатините НА ТВИТЕР МОЛАТ ЗА ПОМОШ

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Турција и северозападна Сирија рано утринава, при што загинаа повеќе од илјада луѓе (точната бројка засега се движи околу 1500 лица), а повеќе од 2.000 биле повредени при уривање на згради ширум регионот.
Граѓаните на Турција, кои останале заробени во урнатините во текот на ноќта по разорниот земјотрес, преку статуси и фотографии на социјалните мрежи бараат спасувачите да им помогнат.


Имено, во бројните објави кои кружат на Твитер, заробените наведуваат „спасете ме, ве молам“, додека другите корисници во коментарите на секој начин се обидуваат да објаснат каде се наоѓаат објектите каде што се заробени.

Разорниот земјотрес однесе повеќе од 1500 животи во Турција и Сирија, при што беа повредени неколку илјади луѓе, а според последните информации се урнаа над 2.000 згради во двете земји.
Спасувачките екипи се на терен и со часови се обидуваат да ги извлечат повредените, како и да ги извлечат телата на починатите од урнатините, но и потрага по преживеани во урнатините.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјавил дека 284 луѓе загинале, а 2.323 се повредени додека властите ги преместиле спасувачките тимови и авионите во погодената област, истовремено прогласувајќи го „четвртото ниво на тревога“ барајќи меѓународна помош.

Според агенциите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остварил телефонски разговор со гувернерите на осумте погодени провинции за да собере информации за ситуацијата и спасувачките напори, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Иако тлото се затресе во Сирија, во исто време во Либан се случил земјотрес со јачина од 4,5 степени, па тлото се стресе и во Јордан, Израел и областите под управа на палестинската управа. Се тресел дури и главниот град на Сирија, Дамаск.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ НАУТ: Го забавуваат стареењето и се совршени за слабеење

Ви ги пренесуваме сите здравствени придобивки од наутот и како на најдобар начин да го …