(ВИДЕО) Слеп човек првпат го видел семејството после 19. години, неговата реакција многумина расплакала

Благодарение на технологијата, човек кој бил слеп од 1998. година после скоро 20. години го видел лицето на својата сопруга, а првпат видел како му изгледа седумгодишниот син.
Џо Васколонес (53) од Халифакс, Масачусец, страда од ретка дегенеративна болест (Retinitis pigmentosa),но сега, благодарение на посебни очила го видел своето семејство. Секако, бил преплавен со емоции. Кога пак ја видел фризурата на 24. годишниот син, не му било сеедно, но бил подготвен и на шега.
Снимката на интернет станала вирална и многумина трогнала, а неговото семејство се надева дека ќе успеат да соберат 10.000 долари колку што чинат посебните очила кои повторно би му го овозможиле видот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Прво издание на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“ во организација на „Литература.мк“

Скопје во следниов период станува побогато со нова низа книжевни, музички, театарски и мултимедијални настани. …