(ВИДЕО+ФОТО) Случајно или не: Ана Ивановиќ конечно го покажала трудничкото стомаче

Веќе со недели се зборува и пишува дека српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер, наредната година по првпат ќе станат родители. Иако тие наводи ниту едно од нив не ги коментирал, убавата Ана сега ненадејно ги изненадила своите обожаватели објавувајќи видеа кои ја потврдуваат оваа убава вест…


Happy to be celebrating the opening of Intimissimi's New York Flagship Store on 5th Avenue! #intimissimion5th #insideandout #intimissimi #ad @intimissimiofficial

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on


 


За отворање на новиот голем дуќан на познатиот бренд на долна облека „Intimissimi“ на Петтата авенија во Њујорк, српската тенисерка внимателно се подготвувала.

Собрала цел тим стручњаци кои се грижеле и овојпат да блесне, а потоа, намерно или случајно, со објавување видеа на Instagram Story го покажала и’ трудничкото стомаче.

Во црвена туника, Ана Ивановиќ седела на столче, додека ја разубавувале, но трудничкото стомаче не успеала да го скрие. Веќе со недели се нагаѓа дали бившата тениска ѕвезда и сопруга на фудбалерот Бастијан Швајнштајгер е бремена или не.

33. годишниот фудбалер и 29. годишната тенисерка се венчале во јуни минатата година, после три години врска, а сега живеат на релација САД-Велика Британија.Се зборувало дека поради обврските кон спонзорите, и потпишаните договори, Ана Ивановиќ, до сега не смеела да остане трудна, но сето тоа сега се променило…

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …