(ВИДЕО) Славната водителка открила мрачна тајна:„Очувот ми правеше сешто!“

„И раскажав на мајка ми но не ми поверува…“
Елен ДеГенерис се отворила за најлошите моменти од нејзините тинејџерски години, кога била манипулирана и сексуално малтретирана од очувот, а нејзината мајка не ѝ верувала кога ѝ го кажала тоа.

Славната водителка гостувала во шоуто „My Next Guest Needs No Introduction“ со Дејвид Летерман, на „Нетфликс“, и зборувала за кариерата, но и личниот живот. 61.годишната комичарка го опишала својот очув како „многу лош човек“ и раскажала како тој ја малтретирал.


„Кога мајка ми беше надвор од градот, тој ми кажа дека почувствувал грутка во нејзината града и за да не ја вознемири, дека треба да ги допре и моите гради. Ме убеди дека мора да ги допре моите гради и го направи тоа и повторно и повторно“, раскажала Елен.
Кога конечно и кажала на мајка и што се случува, таа, тврди Елен, не и поверувала, па со него останала 18. години во врска. На крајот сепак сфатила и го оставила.



„Лута си сум себеси, затоа што бев преслаба да се спротивставам, имав 15 или 16 години. Тоа е ужасна, ужасна сторија и единствената причина поради која навлегувам во детали е зашто сакам другите девојки никогаш не дозволат некој да им го направи тоа“, продолжила таа.

Елен ги советува сите девојки и жени да не молчат и да не страдаат во тишина. „Кога гледам личности кои гласно признаваат, особено сега, се разлутувам кога на жртвите не им се верува, затоа што ние не измислуваме“ – призна таа.


Фото:Скриншот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …