Нејзиниот изглед ја освои наградата „Барбара Декс“, која се доделува за најлошо облечен претставник
Пејачката од „Ај кју“, младата Марија Ивановска, која заедно со партнерот Бојан Трајковски лани ја претставуваа Македонија на „Евровизија“, го продава костимот со кој настапуваше во Лисабон.
Нејзиниот изглед ја освои наградата „Барбара Декс“, која се доделува за најлошо облечениот претставник. На евровизиската сцена, пејачката носеше розово палто, а под него имаше едноделен костим. Креацијата е дело на дизајнерите Милена Танаскоска и Алек Бимбилоски, а за неговата рачна изработка биле потрошени 2.000 работни часа.
Сега, Ивановска на „И-беј“ го продава костимот за 5.000 долари и плус 127. за достава.
https://www.instagram.com/p/ByAVcqdAZeZ/
Фото: Инстаграм