(ВИДЕО) Шест месечно девојче го добиле прекарот „Мишелин“ откако родителите споделиле слика од нејзините раце!

Во светот се познати многу „Мишелин бебиња’ пред се поради нивната сличност со маскотата на овој произведувач на гуми…А, најновото доаѓа од Кина…
Девојчето предизвикало сензација во социјалните мрежи кога нејзините родителите објавиле видеоснимка од нејзиното мало раче, кое досега е видена 4,7 милиони пати.

На возраст од шест месеци, Ксу Јујан има 12,5 килограми. Во просек таа е потешка од другите бебиња на нејзина возраст за една третина, односно 4. килограми.
Поради „перничињата’ на рацете, Јујан во кинеските медиумие е позната како „Мишелин бебе“. Дебелкото раче потсетува на маскотата на францускиот производител на гуми „Мишелин“, коментирале некои од гледачите на видеото.


Таткото на Јујан, Ксу Леи, од провинцијата Џилин во североисточна Кина, вели дека неговата ќерка е здрава.
Тој го нарече бебето „грејпфрут“, бидејќи изгледа како грејпфрут.
Господин Ксу и неговата сопруга со видеоснимки го документираат растот на Јујан.
Таткото признава дека е малку загрижен за големината на ќерката, поточно дека во иднина таа ќе биде дебела.
Просечната тежина за шест месечно девојче во Кина изнесува 7,2 килограми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …