(ФОТО) Театар Комедија во понеделник со претставата „Дони Дарк“ ќе гостува во Радовиш

НУ Театар Комедија в понеделник (8. април) гостува во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде што ќе ја изведе „Дони Дарк“ , најнаградувана претстава на овој театар за 2018 година.
„Дони Дарк“ е романтична комедија чија содржина го опфаќа процесот на осамостојувањето на едно младо слепо момче и неговата социјална интеграција во општеството, притоа прикажувајќи ги различните емотивни фази и состојби низ кои поминуваат овие лица и нивните семејства. Дејството е сетилно, поддржано со многу интензивни емоции, и се движи некаде помеѓу болката и радоста, љубовта и омразата, моќта и немоќта, горчливото и слаткото… Поради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, но и поради сите други квалитети што ги поседува како театарска пиеса, „Дони Дарк“ е исклучително актуелна претстава.

Со овој театарски проект во Театар Комедија беа реализирани неколку проекти за подобрување на условите за пристап и непречено следење на претставите од страна на лицата со хендикеп и на тој начин театарот се вброи меѓу театарските куќи кои ги отвораат вратите за сите категории на граѓани.
Режисер на претставата е Роберт Ристов, а во играат: Мирјана Ристов, Даријан Петров, Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски. Претставата почнува во 20 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …