(ВИДЕО) Се убил после гостување во ток шоу – полиграфот ја открил неговата тајна: Емисијата укината!

Британската телевизиска мрежа ITV во средата престанала да го емитува своето ток-шоу, после самоубиство на маж кој во таа емисија гостувал неколку дена пред да направи самоубиство.
Емисијата била укината уште во вторникот после смртта на Стив Дајмонд (63), поради која мрежата била на мета на критиката,а имало лоши оценки и од врвот на владата.
„Со оглед на тежината на недамнешните случувања, одлучивме да го прекинеме емитувањето на шоуто на Џереми Кајл“, рекла во средата извршната директорка на телевизијата, Каролин Макал.


Таблоидот The Sun, пишува дека Стив Дајмонд умрел поради предозирање со морфиум, а неговото тело, десет дена после учеството во емисијата која требало да се прикаже во понеделникот, го пронашол сопственикот на станот во кој живеел.
Бившата девојка на Дајмонд,Џејн Калахан, за таблоидот објаснила дека се разделиле откако тој гостувал во телевизиското шоу и паднал на детекторот на лаги кога требало да потврди дека никогаш не ја измамилсвојата девојка.
Пред смртта Дајмон на Џејн и испратил СМС порака во која и напишал дека не може да живее без неа за што посведочила и Калахан и рекла дека Дајмонд бил депресивен.


„Овој случај многу загрижува“, истакнал портпаролот на британската премиерка.
„Телевизиите и продуцентските куќи со нивните програми се одговорни за душевното здравје и мир на гледачите“.
Телевизиската мрежа веќе порано се нашла на насловните страници после смртта на двајца учесници во телевизиско реално шоу „Љубовен остров“, кои биле пронајдени обесени.
Шоуто на Џереми Кајл имал „верна публика“ и екипа која професионално работела 14. години, но дошол моментот да се тргне од програмата“, рекла уредничката Макал, и додала дека „персоналот на ITV со мислите се со семејството и пријателите на Стив Дајмонд“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …