(ФОТО) Меган Маркл повторно контра традицијата: Направила шест работи, а ниту една друга кралска мајка – НЕ!

Британското кралско семејство има цела низа правила и традиции кои ги следи, но на Меган Маркл и успеало да прекрши или заобиколи голем број од нив. Маркл го потресла кралското семејство како никој порано и тоа од моментот кога се свршила со принцот Хари.
Американката Маркл, сега веќе бивша глумица, конечно станала мајка, а таа и принцот Хари многу нешта направиле поинаку во однос на принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, но и бројни други мајки на дворот.
Еве кои промени овој модерен пар ги внел во кралското семејство:


1. Меган имала забава за дарување на бебето
Да, ова многумина не го очекувале, но Меган Маркл два и пол месеци пред раѓањето на синот отпатувала во Америка каде најблиските пријателки и организирале забава за дарување на бебето, која е типична во американската култура.

2. Нивниот син е прво бебе во кралското семејство кое го носи името Арчи
Со месеци се шпекулирало за името кое Меган и Хари ќе му го дадат на бебето, а нивниот избор сите ги изненадил. Имено, никогаш во историјата ниту еден член на кралското семејство не го носел името Арчи.


3. На синот му дале само две имиња
Хари и Вилијам имаат по четири имиња, а трите деца на Вилијам по три. Меѓутоа, Арчи Харисон има само две, токму како и повеќето луѓе во Велика Британија – прво и средно име.


4. Меган не се породила во болницата Lindo Wing
Во болницата Lindo Wing принцезата Дијана ги родила Вилијам и Хари, а Кејт Мидлтон сите три деца. Меѓутоа, Меган Маркл ја избрала болницата „Портланд“, а прв избор и бил породување дома.

5. Раѓањето на детето прво го објавиле на социјалните мрежи
Раѓањето на кралските бебиња обично ги објавува англиската кралица, но овојпат веста прво се појавила на Инстаграм и Твитер.

6. Нема да го објават изводот од матична книга на раѓање
Повеќето кралски парови го прават тоа, но Меган и Хари одлучиле да го заобиколат тоа правило и да не го објават изводот од матичната книга на родени на синот. Имено, сметаат дека така ја штитат приватноста на своето дете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …