(ВИДЕО) Се соблекла во пошта: Украинка наместо маска на главата ставила долна облека!

Една Украинка која немала заштитна маска нашла бизарна алтернатива и сепак влегла во поштата.
Поради пандемијата на коронавирус, обврската за употреба на заштитни маски сè уште е на сила, особено во затворените простории. Сепак, украинката која влегла во поштата немала маска и поради тоа била предупредена, а тоа очигледно и пречело. Од револт, таа ги соблекла пантолоните, а потоа и долната облека и ја ставила на главата за да ги исполни прописите. После тоа, таа повторно ги облекла пантолоните како ништо да не се случило.
Интересно е што и’ била понудена бесплатна маска, но украинката одбила да ја користи.
Настанот е снимен од безбедносната камера во поштата во Киев, а снимката брзо се шири на социјалните медиуми. Таа стигна до јавноста откако била објавена од вработена во поштата, на која сега и се заканува отказ, пишува Russia Today.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …