УСПЕШНО СЕ ОПОРАВИЛ – Андреа Бочели потврдил дека во март бил заразен со коронавирус

Италијанскиот тенор Андреа Бочели потврдил дека бил позитивен за болеста Ковид-19, но и за тоа како успешно се опоравил од тоа, пренесува Variety.
Бочели ги потврдил овие информации пред болницата во Пиза, каде отишол да донира крв поради можниот третман со крвна плазма за лицата заболени со Ковид-19.
Тој објаснил дека дознал за болеста на 10. март и дека се чувствувал добро во тоа време. 61-годишникот истакнал дека нема сериозни здравствени компликации,а од сите можни симптоми, тој имал само малку покачена температура.
„Имав среќа и лесно се опоравив, целата приказна беше завршена до крајот на март. Штом ме прашаа да донирам крв за истражување, одговорив ‘да!’. Според мое мислење, тоа е скромен, но важен придонес”, рекол Бочели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …