Штом Меган Маркл и принцот Хари се венчаа во 2018 година, имаше гласини дека таа и Кејт Мидлтон се расправаат. Инсајдерите споделија со медиумите дека дваете се „сосема различни луѓе“ а се шпекулираше дека Меган ја натерала Кејт да плаче на пробите за фустанот.
Наводно Меган била вистинска “брајдзила“ која била опседната со секој детал на нејзината свадба, а Кејт била доста вознемирена од тоа.
Сега еден пријател излезгол со тврдење дека тие всушност се расправале за најлон чорапи.
“Беше топол ден и тие се расправаа околу тоа дали деверуиците треба да носат најлон чорапи или не. Кејт, која секогаш се потпира на протоколот, мислеше дека треба. Меган не сакаше да ги носи”, изјавил извор за магазинот Tatler..
Девериците, вклучувајќи ја и малата принцеза Шарлот, не носеле најлон чорапи, што би значело дека Меган победила во таа кавга.
„Кејт има неверојатни манири“, додал пријателот.
“Во палатата, честопати ќе чуете дека персоналот се жали на членовите на кралското семејство бидејќи лошо се однесуваат, но тие никогаш нема да се пожалат на Кејт. Кејт го набљудува нејзиниот персонал, но Меган не го гледаше. Тоа ви ги кажува се”, додал тој.
Минатата година се појавија наводи дека пробувањето на фустаните за деверуиците било многу „стресно и полно со емоции“.
„Кејт штотуку го роди принцот Луис и беше многу емотивна“, изјавил извор за „Дејли телеграф“ во тоа време, додавајќи дека двете биле сосема различни луѓе.