(ВИДЕО) СЕ ШЕГУВАЛ – Снимка од пцуењето на Бајден стана хит на социјалните мрежи

Видеото на кое американскиот претседател Џо Бајден пцуе стана хит на социјалните мрежи.
Имено, Бајден вчера се сретнал со градоначалникот на Форт Мајерс Бич, Реј Марфи. Во еден момент тој рекол:
„Никој не се зае**ва со некој по име Бајден“.
Контекстот сè уште не е целосно јасен, но градоначалникот дефинитивно се согласил со Бајден.
„Ти си апсолутно во право“, рекол тој.


„Тоа е мојот претседател“, напишал еден корисник на Твитер.
„Сега го сакам уште повеќе“, додал друг.
Ова не е прв пат Бајден да биде фатен како пцуе. Во 2010. година, додека беше потпретседател, тој најави дека Барак Обама ќе го измени законот за здравствена заштита.
„Ова е еб*но важна работа“, рекол тој тогаш.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …