(ВИДЕО) Се сеќавате ли на еден од подобрите настапи на наш Македонец во шоуто “Ѕвездите на Гранд“?

Уште во првата сезона која почна со емитување кај нас, односно во 2014. година, младиот Игор Петковски од Скопје ја освои балканската публика и жирито со маестралниот настап каде ја отпеа „Чија си“ од Тоше Проески, а коментарите кои ги доби од тогашниот состав на жирито беа одлични, од: моќно, воодушевувачки … до одлични совети и мотивација со зборовите дека е еден од подобрите млади вокали во Македонија…

Но. тоа очигледно не го мислеше само жирито, туку и публиката која, според популарноста на видеото и по прегледи, но и според коментари, не остана рамнодушна на тоа како овој наш пејач ја донесе песната на Тоше на оваа сцена…


Денес, неколку години подоцна, момчето кое го воодушеви балканот,заедно со „Хепи енд“, со кој функционираат од 2012. година, ја подготвуваат својата прва авторска песна со победничкиот и проверен хитовски тим, братот и сестрата Цветковски, односно Лазар и Магдалена кои се потпишуваат на песната што според најавите ќе биде во поп-рок фазон…

Момците кои годиниве наназад свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, односно на нивни концерти како предгрупа, конечно ќе промовираат своја песна.


Додека го очекуваме хитот, да се потсетиме на неговиот настап:


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …