(ВИДЕО+ФОТО) Македонската делегација на синиот тепих во Лисабон: „Ај Кју“ меѓу помодерните!

Вчера во Лисабон и’ офцијално беше отворена годинешната „Песна на Евровизија“. На синиот тепих на кој се појавиле претставниците од сите земји учеснички и „Ај Кју“ со комплетната делегација…
Пред официјалниот почеток на годинашниот избор на најдобра песна на Евровизија, вторник 8. мај, претставниците на земјите учеснички вчера прошетаа по синиот тепих во Лисабон, Португалија. Меѓу нив беа и македонските претставници, бендот „Ај Кју“.

Пејачката Марија за пригодата облече кратко, сино фустанче со деколте, а својот изглед го надополни со сребрена чантичка и сребрени сандали. Бојан од „Ај Кју“ пак носеше црно-син костум со црна кошула.Од настанот фотографија е објавена на официјалниот профил на бендот на
Инстаграм, со коментар: „Евровизиски син тепих“.
„Вечерва, 43 учесници од годинашниот евровизиски натпревар имаа гламурозна појава на синиот тепих – беше забележано на евровизискиот сајт.
Македонските претставници ги имаа пробите пред официјалниот настап, од кои беа објавени видеа и фотографии на кои може да се забележи дека пејачката Марија ја менува гардеробата.
На сцената со Марија и Бојан се и тапанарот Иво Митковски и три придружни вокали. Тие ќе се претстават со песната „Изгубено и најдено“ („Lost and found“).
„Ај кју“ на Евровизија настапуваат на првата полуфинална вечер на 8. мај, кога ќе се обидат да се пласираат во финалето, закажано за 12 мај.
Македонија ќе се претстави 11.тта по ред, веднаш по Бугарија, а пред настапот на Хрватска. Првата полуфинална вечер на 63. издание на музичкиот натпревар ќе биде отворена со настапот на Азербејџан, а последен, 19.тти, е настапот на Кипар.
Заедно со Македонија за пласман во финалето на 8 мај ќе се борат и Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Австрија, Грција, Финска, Ерменија, Швајцарија и Ирска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …