(ВИДЕО) Русија го откажала прикажувањето на американскиот филм „Hunter Killer“

Руското министерство за култура го откажало прикажувањето на холивудскиот филм „Hunter Killer“ во кој американски војници го спасуваат претседателот на Русија и спречуваат Трета светска војна.
Министерство како причина за својата одлука наведува административна причина, бидејќи дистрибутерската компанија не испратила на време копија од филмот, и филмот не може да биде јавно прикажан во Русија.
„Hunter Killer” е филм за неискусниот капетан на американска подморница кој во соработка со специјалните единици во водите на Арктикот го спасува рускиот претседател.


Во филмот претседателот на Русија е заложник на руски терористи кои подготвуваат пуч и се закануваат со предизивкување на Трета светска војна.
Филмот на режисерот Донован Марш, адаптација на книгата „Firing Point” (Горечка точка), во кој глумат Гери Олдман и Џерард Батлер, требало да се прикажува во 850. кино сали во Русија.
Филмот порано бил забранет во Украина поради руско-украинските тензии.
„Hunter Killer” премиерно ќе биде прикажан во Франција во декември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …