(ВИДЕО) Реакцијата на Кејт Мидлтон на расплаканото девојче го воодушеви светот: „Не грижи се, мило ми беше“

За време на прошетката непосредно пред концертот во чест на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, Кејт Мидлтон се сретнала со обожавателите, а многумина биле воодушевени од глетката на принцезата од Велс и девојчето што плачело.
Кога Кејт се приближила до толпата надвор од Виндзор, девојчето се расплакало. Принцезата потоа и пришла и ја прегрнала.


„Не грижи се“, и рекла Кејт на девојчето, која по некое време успеала да ги задржи солзите. „Мило ми беше“, додала Кејт и продолжила да се поздравува со присутните.
Видеото од нивната средба се прошири на социјалните мрежи, а многумина напишаа дека Кејт е многу грижлива и дека девојчето сигурно никогаш нема да ја заборави средбата со принцезата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со низа активности НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе го одбележи значајниот јубилеј – 80 години од основањето

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – …