(ВИДЕО) ИНВЕСТИРАЛ ГОЛЕМ ИЗНОС – Познатиот Јутјубер се соочил со многу критики по хуманиот гест: Што е подобро – слух или 10.000 долари?

Популарниот YouTuber MrBeast се најде на удар на критиките откако во саботата објави видео во кое покажува како со помош на неговите донации им помогнал на 1.000 глуви луѓе да слушаат.
На видеото, кое го сподели на неговиот канал на YouTube со 150 милиони претплатници, може да се слушне дека MrBeast ги наведува имињата на поединците на кои им купил слушни помагала, велејќи дека тој исто така им помогнал и на семејствата повторно да ги слушнат своите блиски.


Покрај слушните помагала, MrBeast подарил и скапи подароци, од кои некои добиле суми од 10.000 американски долари. Покрај стереотипите кои ги истакнувал низ видеото, една негова изјава особено ги трогнала корисниците на социјалните мрежи. Имено, во еден момент Јутјуберот ги прашал луѓето што е подобро – слух или 10.000 долари.


„Тој ги овековечува штетните стереотипи и идеи дека глувоста е сè или ништо – ‘вклучено или исклучено’“, „Тој го прави тоа заради внимание и лајкови, плус ја прикажува глувоста како нешто што може или треба да се поправи или излечи, што не е ни оддалеку вистина или точно“, „Посакувам коментаторите да беа доволно слободоумни за да не гледаат како вистински луѓе со реални грижи“, беа само дел од коментарите.
MrBeast не се огласи по овие коментари, но претходно за време на неговото слично видео во кое им помага на слепите да прогледаат, тој објаснил дека богатите луѓе треба да им помагаат на другите и дека по неговата смрт ќе ги даде своите пари во хуманитарни цели.
Потсетуваме, MrBeast се прослави по забавните содржини, но и по хуманитарната работа, а овој проект опфати неколкумесечно планирање и истражување каде се вложени повеќе од три милиони долари.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …