(ВИДЕО) РЕАКЦИИТЕ СЕ НЕВЕРОЈАТНИ – Изведбата тргнала на лошо: Натпреварувачот на „Британија има талент“ ја истурил чашата со слуз врз Сајмон Кауел

Шоуменот на „Britain’s Got Talent“ во епизодата што се емитуваше синоќа ја истурил слузта врз членот на жирито Сајмон Кауел.
Во последната епизода од познатото талент шоу во Велика Британија се појавија извонредни натпреварувачи кои ги воодушевија членовите на жирито, но и публиката. Меѓутоа, ситуацијата се променила откако настапила маскотата по име г. Блоби.
Маскотата решила да го донесе озлогласениот член на жирито Сајмон Кауел на сцената, каде што го ставил во кутија каде што требало да исчезне. Останатите членови на жирито и публиката внимателно следеле што ќе се случи.


Како што минувало времето, г. Блоби ја отворал и затворал кутијата, а Кауел сè уште бил во кутијата. Меѓутоа, во еден момент пред да може да ја затвори кутијата, од врвот на кутијата се истурила розова слуз.
Публиката и членовите на жирито неколку моменти биле шокирани, а потоа почнале да се смеат. Сајмон Кауел не бил воодушевен и и’ рекол на маскотата да не го допира. Публиката била воодушевена и сакала маскотата да продолжи, но жирито одлучило дека оваа личност нема да има можност да го продолжи натпреварот.
Неколку моменти подоцна, Сајмон Кауел прекриен со лигите решил да трча по своите колеги, а истиот потег го направил и натпреварувач кој трчал зад сцената. На оваа „лигава“ прегратка на крајот се согласиле и водителите на емисијата.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …