РЕБЕКА ШУМАРД се вратила на работа 12. дена по породувањето. 26-годишната медицинска помошничка била фрустрирана, исплашена и имала чувство на вина што работела наместо да биде со своето бебе на одделот за неонатална интензивна нега. Имено, таа родила бебе во 27-та недела од бременоста.
„Треба да се вратите на работа 12. дена по раѓањето на недоносено бебе во 27-та недела за да можете да го поминете тоа мало породилно отсуство со неа кога ќе излезе од интензивна нега“, напишала таа покрај видеото на кое плаче додека седи на маса на работното место.
„Се обидувате да се издоите на секои три часа, но нема доволно персонал. Вашето млеко се намалува осум недели по раѓањето. Дали воопшто ќе имате млеко кога бебето ќе дојде дома? Што прават другите родители на деца на интензивна нега? Како може некој да си дозволи за тоа време да биде со детето? Како може некој да се справи со вината кога треба да работи, а да не биде со своето бебе? Ова е Америка“, заклучила таа.
@edensmomma10_12 #nicu #postpartum #ppd #preemie #americanhealthcare #maternity ♬ original sound – Rabs
Породилното отсуство во САД е комплицирано. За разлика од другите земји, САД на своите граѓани не им даваат платено породилно, татковско или семејно отсуство. Шесте недели што ги споменува Шумард се дел од краткорочното осигурување на некои компании за здравствено осигурување. Тие шест недели се зголемуваат на осум во случај на жена да се породи со царски рез. Само 42. отсто од работниците во приватниот сектор во САД имале пристап до платеното породилно отсуство во 2020. година. Честопати се случува родителите да комбинираат боледување, неискористени денови за одмор и слободни денови.
Според Законот за семејство и медицински одмор од 1993 година, родителите можат да земат до 12 недели неплатено семејно отсуство за да родат, посвојат или вдомат дете, но само ако работат во компании со 50. или повеќе вработени.
Фото: Собрание на РМ
Во Македонија мајката има право на породилно отсуство до девет месеци од животот на детето. Породилното отсуство е можно до 72. недели во Унгарија, 68. недели во Шведска, 52. недели во Исланд и 49. недели во Норвешка.
Фото: Принтскрин/TikTok