(ВИДЕО) Притиснала ПОГРЕШНО копче и освоила МИЛИОНИ: За богатството може да му се заблагодари на арогантен минувач!

Жена добила огромна премија на лотаријата и покрај тоа што сакала да купи нешто друго
Иако на почетокот била лута, Лакедра Едвардс од предградието на Лос Анџелес денеска сигурно му е благодарна на непознат маж кој ја турнал на патеката и си заминал без извинување. Да не бил тој, таа денес немаше да биде побогата за десет милиони долари.
Имено, споменатата госпоѓа во декември минатата година отишла да си ги купи омилените грепки, но на машината за билети внела погрешен број.
Таа била збунета бидејќи дотичниот човек ја вознемирил, што на крајот довело до тоа да го освои џекпотот во една од игрите.


– Налета на мене и само излезе низ вратата – се присетила Лакедра на ситуацијата што ја пренесоа американските медиуми.
Додала дека уште повеќе се налутила кога сфатила дека 75. отсто од парите за грепките ги потрошила на поскапи и непосакувани лозови.
– Што можев да направам? Влегов во автомобилот и го изгребав лозот од триесет долари. Најпрво не можев да поверувам дека држам добивка од десет милиони долари во раце, а толку се вознемирив од возбуда што неколку минути подоцна за малку ќе злетав со возилото на автопатот. Поминаа пет месеци, а јас се уште сум во шок“, изјавила Едвардс.
Потоа откри што има намера да прави со парите.
– Прво ќе купам куќа, а потоа ќе основам непрофитна организација – изјавила среќната добитничка.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …