(ФОТО) ПОВЕЌЕ НЕ Е БЕКАМ: Се ожени синот на Давид, го зел презимето на сопругата – дали поради ПАРИ?

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата долгогодишна партнерка Никола Пелц го кажаа судбоносното „да“ во Палм Бич, Флорида.
Венчавката која наводно чинела неверојатни 3,5 милиони долари била одржана на семејниот имот на господинот Пелц кое вреди 103 милиони долари, Бруклин и Никола потпишале предбрачен договор, но не за да го заштитат богатството на познатиот фудбалер, туку семејството на Никола, кое има 4. пати поголема.

This image has an empty alt attribute; its file name is bruklin-bekam-svadba-5-1024x791.jpg


Богатството на семејството Бекам се проценува на 38. милиони фунти, што е значително помалку од она што го има семејството на актерката. Се проценува дека Нелсон и Клаудија Пелц имаат 1,3 милијарди фунти.
На венчавката имало многу познати личности, а иако се’ било планирано во тајност, младенците сепак не успеале се да сокријат, па се појавиле неколку фотографии од церемонијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is bruklin-i-nikola.jpg


Според странските медиуми, Бруклин решил да го земе презимето на сопругата и да го користи како средно име, а причината за тоа е многу романтична. Имено, според него, силно ја почитува сопругата, а љубовта и гордоста сака да ја искаже на овој начин.

– Ова е голем знак за неговата посветеност кон неа и неговата љубов кон неа – изјавил еден упатен за таблоидот „The Sun“.



Извор: Nportal

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …