(ВИДЕО) Принцот Хари се потсетил дека бременоста ја чувале во тајност па се расплакал…

После кралската турнеја по Африка, војводата и војвотката од Сасекс имале прв заеднички настап на годинешната церемонија WellChild во центарот на Лондон.
WellChild е добротворна организација која им обвозможува на тешко болните деца да минуваат повеќе време дома, наместо во болница, а еднаш годишно го одбележуваат својот ден и тоа се претвора во емотивен настан кој собира многу семејства.
Принцот Хари е заштитно лице на WellChilda од 2007. година а на овогодишната церемонија првпат учествувал како татко на петмесечниот син Арчи.
„Да се биде тука како родител, да се разговара со сите вас, ми се стега срцето на начин на кој тоа никогаш не би можел да го разберам се додека не добив свое дете“, рекол војводата.


Хари говорел отворено за тоа дека Меган и тој минатата година тајно го чекале своето прво дете.
Имено, Меган била во почетокот на бременоста, па решиле бременоста да ја задржат само за себе се додека не видат дека се е во ред со детето.
Потсетувајќи се, Хари го обземале емоции и гласот му се стишал додека на очите му навирале солзи.


„Минатата година кога јас и сопругата присуствувавме на овој настан, знаевме дека го очекуваме нашето прво дете, никој друг освен нас не знаеше. Се сеќавам дека толку силно ја стегав раката на Меган бидејќи и двајцата размислувавме дека би било убаво еден ден да станеме родители и дека би направиле толку многу за да го заштитиме и да му помогнеме на секое дете ако тоа се роди со потешкотии или со тек на време се разболи“, признал Хари.

Арчи, секако, бил една од многуте теми за кои говорел кралскиот пар, а војводата и војвотката од Сасекс откриле дури и нови детали за нивниот син.
Додека Хари разговарал со мнозинството, Меган открила дека неодамна го однела Арчи во игротека во која се вљубил, а потоа кралскиот пар потврдил дека нивниот син ја наследил најпрепознатливата особина на неговиот татко: црвената коса.
„Тоа се гледа по веѓите“, изјавиле родителите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …