(ВИДЕО+ФОТО) ШОК ВО БЕЛАТА КУЌА – Трамп сакал родителите да ги запознае со убиецот на нивниот син!

Доналд Трамп се запозна со родителите на Хари Дан во Белата куќа и се обидел да ги натера да се сретнат лице в лице со Ен Сакулас, жената за која се тврди дека го удрила нивниот син со автомобил по што починал. Шокираните родители го одбиле.
Американскиот претседател дури и ја држел раката на мајката на Хари, Шарлот Чарлс, додека Ен Сакулас била во другата соба. Шарлот открила дека Трамп ги замолил трипати да се сретнат со Сакулас за таа да може да „се залечи“.


„Тој покажа сочувство, се чинеше топло и гостопримливо, но му требаше долго да ни каже дека Ен Сакулас е во зградата“, рече Шарлот.


Како што вели, останала без здив кога го спомнал тоа.

“Тој праша два или три пати. Ние рековме не, не мислевме дека тоа е исправно”, вели таа и додава дека Трамп инсистирал, но тие останале на својата одлука.

Сакулас, сопруга на американски дипломат, се движела на погрешна страна на патот кога се судрила со мотоциклот на Хари пред базата РАФ во Велика Британија, во август. Таа добила дипломатски имунитет и избегала во САД без да се соочи со британските судови поради смртта на 19-годишник.

Но, во пресвртот оваа недела, на родителите на Хари им било кажано дека таа повеќе ја нема таа дипломатска заштита – бидејќи сега е во Америка. На состанокот во Белата куќа, Трамп на очајните родители им кажал дека Сакулас нема да се врати во Велика Британија, а потоа им предложил да се сретнат со неа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На сред двор во земја пронашла тепих, набрзо пристигнала ПОЛИЦИЈАТА

Приказната „експлодира“ на социјалната мрежа TikTok и видеото собра речиси 20 милиони прегледи, а луѓето …