(ВИДЕО) Вака изгледа кога идиот вози Мерцедес од 500 КС

Иако сме навикнати вакви работи да се случуваат „преку барата“, и тоа во Мустанзи, скоро идентичен пример доаѓа од европските улици.
И, не, не станува збор за ниту една балканска метропола, туку Ротердам во Холандија. Да, будалите не знаат за граници, а оваа се одлучила да се покаже во „засилена“ Ц- верзија. Тоа е Мерцедес со потпис на AMG под чиј капак има 4.0 V8 twinturbo s 510 KS i 700 Nm.
Возачот сакал да се покаже за време на манифестацијата „100% Autolive“.Влегувањето во кривина било премногу за неговите возачки способности иако направил најмногу што можел во тој момент.
Не завршило добро, но собраните дефинитивно имале што да видат. Мерцедесот неконтролирано се свртел и завршил во дрвото. За среќа, на улицата немало други учесници, а набљудувачитре биле доволно оддалечени.
Во секој случај, ова е уште еден рирмер кој потврдува зошто на вака јаки автомобили не треба да се деактивира електрониката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …