(ВИДЕО) ПРЕВЕНЦИЈА: Хит пронајдоци кои спречуваат некој да ви става дрога во пијалоците на забавите

Журките најчесто ги поврзуваме со забава, муабет и веселба, но за жал во последно време и со потенцијални опасности. И не само ние – на пазарот се појавија практични предмети дизајнирани да обезбедат побезбеден „клабинг“.
Во време кога многу се зборува за дрога за силување и инциденти во клубовите, потребно е да се биде внимателен, но не и параноичен. Носењето пијалоци со вас, барањето шише или да може да се отвори пред наши очи, и секако доверливи пријатели се добар начин да се спречат непријатностите.
Меѓутоа, луѓето се сетиле и да осмислат и дизајнираат специјални предмети кои се еден вид заштита при излегување.
Најпознати се капаците за чаша – од силикон или ткаенина, кои го отежнуваат внесувањето на опасните материи во пијалокот. Тие се погодни за употреба, се носат на рака и изгледаат како ластиче.

@nightcapit Protecting your drink is good 4 u. #BestSeatInTheHouse #DADMOVES #MACscaraface #ConjuringHorror #xyzbca #PerfectAsWeAre #Destinationdepop ♬ good 4 u – Olivia Rodrigo


Направени се и налепници кои можете да ги ставите во пијалокот за да проверите дали има ставено нешто во него. Ја менуваат бојата доколку откријат присуство на дрога, па затоа е погодно да ги носите во џеб или паричник кога одите на забавата.

This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-4-najsrekni-znaci.jpg


Сепак, има уште неколку „гаџети“ за самоодбрана кои се прилагодени на ноќниот живот.
Доколку се најдете во ситуација да ви е загрозена личната безбедност и имате над 16 години, законите во некои земји дозволуваат да користите плински спрејови како и уреди за предизвикување струен удар.

Бибер спрејовите се најефикасните спрејови за самоодбрана на природна основа. Содржат екстракт од лута пиперка кој предизвикува иритација на очите – печење, чешање, солзи, како и иритација на кожата и назалната слузница.


@defensefairy Spray and run! You don’t need to get close #selfdefense #selfdefensekeychain #safetykeychains #selfdefenseforwomen #pepperspray ♬ Ski Mask The Slump God – Foot Fungus – Kiersten

Електрошокерите се’ почесто се продаваат на компактни привезоци, но и маскирани во друг предмет, како кармин. Тие не можат да го повредат напаѓачот, но ќе предизвикаат болка и грчеви во мускулите, што е доволно да го онеспособи лицето што ве напаѓа и да ви даде време да избегате.

@defensefairy Comment “FYP” if you are seeing this on yours. All items have been restocked! Link in bio to shop💕⚡️#selfdefensetools #selfdefensekeychian ♬ Big Energy – Latto

Специјално дизајнираните нараквици и ланчиња кои изгледаат како обичен, елегантен накит всушност служат за да ве спасат во ситуации кога вашата безбедност или живот е загрозена.
Со кликнување на приврзокот на овој накит автоматски се испраќа порака со која ги известува вашите пријатели и семејството дека сте во опасност и ја препраќа вашата локација во полиција.

@invisawear Just double tap the back of the charm twice 😄 #foryou #selfdefenseforwomen #safety #metoo ♬ original sound – invisaWear

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ги краси харизма и шарм: На мажите родени во овие знаци е тешко да им се одолее

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …