Таа го привлече вниманието на светската јавност пред четири години, кога го навредуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп…
Познатата американска комичарка и актерка Кејти Грифон (60) на своите следбеници на Инстаграм им објавила дека се бори со рак на белите дробови.
Имено, минатата година таа ги загрижи обожавателите кога поради болки во стомакот заврши во болница, а подоцна изјави дека сето тоа најверојатно се должи на компликации со коронавирус, сега првпат проговорила и рекла дека очекува операција за отстранување на дел од белите дробови поради злобната болест со која се бори.
View this post on Instagram
– Луѓе, морам нешто да ви кажам. Имам рак. Наскоро ќе направам операција за отстранување на дел од левото белодробно крило. Да, имам рак на белите дробови иако никогаш во животот не сум запалила цигара. Лекарите се многу оптимисти бидејќи ракот е во прва фаза. Се надевам дека по операцијата нема да морам да одам на хемотерапија или зрачење и би требало да живеам нормален живот. Последните четири години беа навистина тешки за мене бидејќи се обидував да се вратам на работа и да ве насмеам, но ќе бидам добро. Ја примив вакцината против корона вирусот, без неа последиците би биле уште полоши. Одете на лекарски прегледи, тоа ќе ви го спаси животот – вели таа во соопштението.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Да потсетиме, таа се најде во центарот на вниманието на светската јавност пред четири години, кога го навредуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа му позирала на фотографот Шелдс држејќи лажна крвава глава во рацете, која потсетува на Трамп. Веќе во детството можело да се погоди дека ќе заврши во светот на забавата, а сега се соочила со една од најтешките ситуации во текот на овие 60 години.
Кејти Грифон два пати беше наградувана со Еми, а светската слава ја стекна водејќи го реалното шоу „Мојот живот на листата Д“.
Фото: Принтскрин/Instagram