До денот на вљубените остана уште само еден ден но ќерката на Двејн „The Rock” Џонсон веќе растопила многу срца.
Овој глумец е познат по своите преслатки фотографии со ќерките, а сега објавил видео во кое тригодишната Јасмине му порачува дека го сака.
„Можеш ли да кажеш те сакам?“, ја прашал Рок на што таа му одговорила:„Те сакам“.
Гордниот татко се пошегувал дека лови комплименти.
„97. отсто сум сигурен дека ја подмитив Јази со сладолед за да подоцна за мене каже некои убави работи, кога камерата ќе биде вклучена. Не ме осудувајте. Јас тоа така го правам“, додал Двејн.
Неколку месеци претходно покажал дека на ќерката и дозволува да си ги лакира ноктите или да си го обои лицето со шарени бои.
Со девојката Лорен Хашиан, освен тригодишната Јасмине ја има и ќерката Тиана која е родена во април 2018., додека со бившата сопруга Дени Гарсија ја има 17. годишната ќерка Симоне.