ЕБУ, организаторот на Евровизија, се огласи откако социјалните мрежи, а потоа и медиумите, беа преплавени со видео во кое Дамијано Давид, фронтменот на групата „Манескин“ која победи, наводно шмрка кокаин од масата на Зелената соба.
Италијанецот на прес-конференцијата рекол дека не се зборува за дрога или кокаин, туку дека го собирал стаклото од чашата што ја скршил неговиот гитарист.
Организаторите на Евровизија веднаш започнале истрага.
– Свесни сме за шпекулациите за видео клипот на италијанските победници на Евровизија во Зелената соба. Бендот силно ги негираше обвинувањата дека користеле дрога, а нивниот пејач ќе биде подложен на доброволен тест за дрога по пристигнувањето дома. Тоа го побараа и минатата ноќ, но ЕБУ не можеше веднаш да го организира тестирањето – објавено е.
– Бендот, нивниот менаџмент и шефот на делегацијата не известија дека нема дрога и ни објаснија дека на нивната маса е искршено стакло и дека пејачот ги исчистил парчињата стакло. ЕБУ може да потврди дека искршеното стакло навистина е пронајдено по увид на лице место. Сè уште внимателно ги разгледуваме снимките и навремено ќе ги објавиме сите нови информации – се наведува во официјалното соопштение на ЕБУ.
Погледнете го контроверзниот момент:
El de Italia se acaba de meter tremenda raya? #Eurovision pic.twitter.com/23nIKYldsb
— Roger (@Rasps_) May 22, 2021
Фото: Принтскрин/Twitter