(ВИДЕО) Поради оваа снимка едни таткото го нарекуваат „легенда“ а други тврдат дека го злоставува својот син!

На “Viral Hog” се појавила снимка од еден татко од Охајо кој го чистел снегот на автомобилот – со својот син. Снимката станала хит на социјалните мрежи, но не на сите истата им се допаднала.
Додека некои ја нарекуваат оваа идеја „генијална“ и таткото го нарекле легенда, други ја окарактеризирале како злоставување.


“Тука во Монклова, Охајо имаме многу снег. Мојот сопруг и детето излегоа да си играат со снегот, а јас го замолив да го исчисти нашето возило додека е надвор. Следно што знам, сопругот ме праша дали имаме селотејп некаде низ куќата. Излегов надвор само за да дознаам дека тој планира да ги залепи глуждовите и зглобовите на нашиот син за да не се натопи. Потоа го снимив ова видео во кое мојот сопруг го користи синот како алатка за отстранување снег, а тој многу се забавуваше!”, вели мајката која го снимила видеото.
И покрај фактот дека малечкиот е облечен во слоеви топла облека, некои на Јутјуб го нарекле ова „неприфатливо и одвратно” и го окарактеризирале како злоставување. “Глупави Американци” е уште еден од коментарите на Јутјуб.
“Не сум сигурен дали станува збор за злоставување или квалитетно поминато време помеѓу еден татко и син”, се прашувале некои. Што мислите вие?
Screenshot: YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …