(ВИДЕО) Полиен чоколаден колач: Најмек брз десерт на светот

Бргу се подготвува а вкусот е баш добар…

Состојки:
Состојки: 2 јајца, 3 лажици шеќер, 6 лажици масло, 6 лажици млеко, 50 гр чоколадо, 50 гр суво грозје, 50 гр сецкани ореви, 6 лажици брашно, 1 прашок за пециво.
Прелив: 300 мл млеко, 50 гр чоколадо, ванилин шеќер, шеќер по желба, кокос за наросување.
Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете брашно со прашок за пециво, масло, млеко, растопено чоколадо, суво грозје, сецкани ореви и сè добро измешајте. Подмачкајте го садот за печење, потоа истурете го тестото и печете го 30-40 минути на 200 степени.
Печениот колач  се сече на коцки. Варете го млекото со ванилиниот шеќер, додадете 50 гр чоколадо и шеќер по желба и изладете.
Полијте го колачот и почекајте се да се впие. По површината, по желба, наросете со кокосово брашно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …