(ВИДЕО) Подгответе се за незаборавен концерт на најуникатната Сара Мејс

Под покровителство на Град Скопје се подготвува концертот на една од најуникатните и најспецифичните музичарки во Македонија, Сара Мејс. Концертот ќе се одржи на 26.ти септември во 20. часот на плоштадот „Мајка Тереза“, пред платото на МОБ.
На 1. септември Сара Мејс ја објави песната „Небо“ најавувајќи го својот најнов проект „Floating through space with Sarah Mace“ со кој очекува да ги покори ограничувањата на конвенционалното и да претстави нешто ново и свежо во македонскиот етер.
Најновите артистички изданија на Сара Мејс потекнуваат од нејзината неуморна природа водена од енергијата која на македонската јавност им ги донесе „Врне“, „Намбареја“, „Пеперутки“, „Градина од цреши“,„Шаби – лаби“ и многу други. Во духот на бескрајниот креативен карактер Сара Мејс очекува да го приреди својот најуникатен настап заедно со уште 9. музичари, односно авторскиот тим на проектот „Floating through space with Sarah Mace“.
Концертот на Сара Мејс е отворен карактер и сите љубители на музиката се поканети на незаборавна забава и искуство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …