(ВИДЕО) После Ирма на Флорида апокалипса:Погледнете што затекнале повратниците во своите градови!


„Ирма која ослабнала и од ураган станала тропска олуја и понатаму слабее кон тропска депресија и веројатно до вторник навечер уште ќе се намалува“ соопштил американскиот Национален центар за урагани (NHC).
Тропската депресија Ирма, околу 150. километри јужно-југозападно од Атланта во Џорџија, моментално создава ветришта кои дуваат до 55. километри на час, и понатаму пренесуваат тешки врнежи ширум југоисточниот брег на САД, наведува NHC.


Жителите на Флорида во шок после олујата се враќаат на своите уништени домови
Штетата на Флорида е мала во однос на разорувањата кои Ирма како ураган од 6. категорија ги направила во делови на Карибите, каде во олујата загинале 40. лица – најмалку 10 од нив на Куба – пред да се сврти кон Флорида.
На повратниците ќе им требаат недели и месеци да го вратат животот во нормала. Се проценува дека 12,5 милиони луѓе на Флорида сеуште се без струја, а таквата состојба ќе потраела уште некое време. Иако Мајами бил поштеден од најјакиот удар на ураганот, туристичкиот центар на САД изгледа по малку апокалиптично. Има многу куќи без кровови, урнатите кранови направиле голем штета на соседните згради, поголемиот дел од улиците се поплавени, јахти и едрилици можат да се видат само во центарот на градот…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на збирката раскази „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од Марина Димитриева Ѓорѓиевска

Денес, во 13 часот, издавачката куќа „Македоника Литера“ ве поканува на промоцијата на збирката раскази …