(ВИДЕО) Почувствувала провев па не можела да поверува што нашла зад огледалото во бањата

Една жена од САД била изненадена кога пронашла тајна просторија зад огледалото во бањата, и своето откритие го споделила со своите придружници на Тикток, каде нејзиното видео било прегледано повеќе од 10. милиони пати.
Саманта Хартсо од Њујорк вели дека почувствувала провев и тргнала да истражува од каде потекнува. По некое време, почувствувала дека воздухот доаѓа од зад огледалото и сфатила дека тоа може да се помести.

@samanthartsoeseriously never would I have expected to find this… and I documented all of it #mystery #fyp #nyc #secret #foryou #apartment #storytime


♬ Mysterious – Andreas Scherren


Кога влегла во новооткриената просторија, била прилично изненадена од фактот дека се работи за цел недовршен стан. Во еден момент Саманта била загрижена затоа што имало вреќи за ѓубре наоколу и други „знаци на живот“ како шишиња и слично.

@samanthartsoeHOW IS THIS IN MY BATHROOM WALL #mystery #nyc #apartment #secret #storytime #fyp


♬ Mysterious – Andreas Scherren

„Мојот станодавач утре ќе добие забавен повик“, рекла таа.

@samanthartsoeTRULY a new meaning to a “hole in the wall” #mystery #nyc #apartment #secret #storytime #fyp #foryou

♬ Oh No – Kreepa

И додека некои пишувале дека нејзиното откритие е ужасно, бидејќи се плашеле дека некој може да живее таму, други виделе можност. “Жено, ако никој не живее таму, ти си освоила џекпот. Направи ново крило во својот стан”, и рекле.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Сомнително Лице“ театарска претстава од млади за млади

Денес, со почеток во 18:30 часот во Училиште за театар „Од игра до претстава“, ќе …